Услови на услугата
Основа
Во овие Услови на услуги, заедно со сите други документи спомнати овде, се утврдени условите под кои можете да ја користите веб-страницата epcplc.com, сите поддомени на оваа страница или кои било апликации на веб-сметка со саморегистрација (на пр. за патување во Норвешка или ULEZ во Лондон) (веб-страницата). Ве молиме, внимателно прочитајте ги овие Услови за услуги и бидете сигурни дека добро ги разбирате. Од Вас ќе се бара да ги прочитате и да ги разбирате овие Услови за услуги зашто со користење на оваа веб-страница ќе сметаме дека ги прифаќате. Доколку не се согласувате да се придржувате и да се обврзете на овие Услови за услуги, Ве молиме, веднаш престанете да ја користите веб-страницата.
Дефиниции и интерпретација
Во овие Услови за услуги, следниве термини ќе ги имаат следново значење:
- EPC сметка
- се однесува на сметка што е потребна за да бидете регистрирани од корисникот на веб-страницата за да вршите онлајн уплати за сообраќајни опомени, еколошки шеми или генерално која било онлајн апликација достапна на веб-страницата;
- EPC
- Euro Parking Collection plc: матичен број на друштвото: 3515275, регистарски број за заштита на податоци: Z5479282; Contractum Limited: матичен број на друштвото: 5755117, регистарски број за заштита на податоци: Z143131X, ДДВ број: 977 7392 50, EPC Finance Limited: матичен број на друштвото: 8881682; сите регистрирани во Англија и Велс, на Shepperton House, 83-93 Shepperton Road, London, N1 3DF United Kingdom; и EPC Hungary KFT: матичен број на друштвото: 01-09-908128, регистарски број за заштита на податоци: NAIH-112615/2017 (колективно EPC);'
- Содржина
- се подразбира кој било текст, слики, аудио, видео, скрипти, код, софтвер, бази на податоци и која било друга форма на информации што може да се складираат на компјутер што се појавува на или формира дел од оваа веб-страница;
- Платформа
- опфаќа колективно онлајн платежни олеснувања, алатки, услуги, инфраструктура и информации што EPC ги нуди преку веб-страницата за олеснување на администрацијата на сообраќајните казни;
- Услуга или Услуги
- се однесува на услугите што Ви се достапни преку веб-страницата;
- Информации за плаќањето
- се однесува на сите детали што се потребни за плаќање на услугите од веб-страницата. Меѓу другото, ова ги вклучува броевите на кредитните/дебитните картички, броевите на банкарските сметки и кодовите на филијалите, или кој било друг начин на плаќање;
- Давател на услуги од трета страна
- се однесува на трета страна која дава услуга која им се нуди на Корисниците преку веб-страницата;
- Корисник
- се однесува на која било трета страна која пристапува до веб-страницата и не е вработена од страна на Euro Parking Collection plc.
Сопствеништво на веб-страницата
Веб-страницата е сопственост на и со неа управува EPC
Нашите права за интелектуална сопственост и дозвола
Сè што на веб-страницата е вклучено под Содржина, меѓу што и сите материјали насочени кон корисникот, текстови, графикони, логоа, икони, слики, аудиоклипови, видеоклипови, компилации со податоци, распоред на страницата и сите скриени материјали, како што се код, софтвер и бази на податоци и авторските права и другите права за интелектуална сопственост во таа Содржина, освен ако конкретно е наведено поинаку, е сопственост на EPC, на нашите филијали, партнери, клиенти или други релевантни трети страни. Сè што е под Содржина е заштитено со меѓународните закони и спогодби за интелектуална сопственост применливи и во Обединетото Кралство.
Не смеете да репродуцирате, копирате, дистрибуирате, складирате или на каков било друг начин повторно да користите материјал од веб-страницата, освен ако на веб-страницата е назначено поинаку или доколку за тоа имате директна писмена дозвола од EPC.
Врски до други веб-локации
Оваа веб-страница може да содржи линкови до други страници. Доколку не е директно наведено, тие страници не се под контрола на EPC или нашите филијали. EPC не презема никаква одговорност за содржините од таквите веб-локации и се откажуваме од одговорноста за кои било и сите форми на загуба или штета коишто произлегуваат од нивното користење. Тоа што на оваа веб-страница има линк кон друга страница не значи дека ги рекламираме таквите страници или оние што имаа контрола над нив.
EPC сметки
EPC сметките се онлајн апликација со саморегистрација којашто им овозможува на Корисниците да регистрираат информации за возилото, како и други релевантни информации, со цел вршење уплати за сообраќајни казни, добивање релевантни известувања преку е-пошта, како и други информации за олеснување на патувањето на дадена локација. За да може да ја користите оваа апликација, EPC бара да ги внесете и регистрирате Вашите податоци на веб-страницата со цел да креирате EPC сметка.
EPC сметката ќе содржи извесни лични податоци, информации за уплатите и информации за возилата, коишто EPC ќе ги побара од Вас.
Со прифаќање на Условите за услуги и со понатамошно користење на веб-страницата, Вие изјавувате и гарантирате дека:
- сите информации што ги поднесувате се прецизни и точни;
- се согласувате дека EPC може да стапат во контакт со Вас за каква било оправдана цел, во кое било време, вклучително, но неограничувајќи се на, врачување какви било релевантни документи;
- го овластувате и изрично му дозволувате на EPC да ги провери Вашите податоци кај релевантниот орган за регистрација на возила во земјата каде возилото е регистрирано, во случаи кога тоа е неопходно или кога тоа го бара EPC или неговите филијали;
- во рамки на правните ограничувања и обврски за заштита на податоци со кои EPC е обврзан, Вие се согласувате дека Вашите податоци може да бидат споделувани со овластени субјекти, заради административни или извршни цели, а таквите субјекти може да се со седиште надвор од ЕУ;
- имате дозвола да поднесете Информации за плаќање онаму каде што може да се бара дозвола; и
- треба да ги одржувате овие информации да бидат постојано точни и ажурирани; EPC не презема никаква одговорност во случај да бидат пренесени погрешни информации преку е-пошта, како резултат на неточни или застарени информации.
Со создавање на EPC веб-сметка уште еднаш го потврдувате застапувањето и гаранцијата.
Треба да запомните дека во случај EPC да воведе значителни измени во начинот на којшто EPC сметките функционираат, ние сме овластени од Вас да Ве информираме за тоа што е можно поскоро.
Препорачливо е да не ги споделувате деталите за EPC сметката, посебно корисничкото име и лозинката. EPC не прифаќа одговорност за загубите и штетите што настанале како резултат на тоа што сте споделиле деталите за EPC сметката. Доколку користите компјутер што го користи и некој друг, се препорачува да не ги зачувувате деталите за EPC сметката во Вашиот интернет-пребарувач.
Доколку имате причина да сметате дека Вашите детали за EPC сметката ги добил некој друг без Ваша согласност, веднаш треба да контактирате со EPC за привремено да ја отстрани Вашата EPC сметка и да ги откаже сите неовластени нарачки или уплати што можеби чекаат.
Приватност
Користењето на страницата, исто така, го управуваат и нашите Белешки за приватност на веб-страницата и Политика за колачиња кои со оваа референца се вклучени во овие Услови за услуги.
Прекин и откажување
Во кој и да било момент, или Вие или EPC може да ја затворите Вашата EPC сметка.
Ако сакате да ја затворите Вашата EPC сметка, Ве молиме, пратете ни е-порака со Вашето барање.
Оградувања
EPC не дава гаранција или потврда дека веб-страницата ќе ги исполни Вашите барања, дека ќе биде од задоволителен квалитет, дека ќе биде соодветна за определена намена, дека нема да ги прекрши правата на трети страни, дека ќе биде компатибилна со сите системи, дека ќе биде безбедна и дека сите обезбедени информации ќе бидат точни. EPC не дава никаква гаранција за какви било посебни резултати од користењето на нашата Услуга или Услуги.
Иако EPC вложува разумни напори за веб-страницата да биде безбедна и без грешки, вируси и други злонамерни софтвери, на сите Корисници им се препорачува да се погрижат за својата сопствена безбедност, безбедноста на нивните лични податоци и нивните компјутери.
Вируси, злонамерни софтвери и безбедност
EPC ги вложува сите разумни вештини и напори за веб-страницата да биде безбедна и да нема вируси или други злонамерни софтвери, во што спаѓа и скенирање за вируси и злонамерни софтвери. Меѓутоа, EPC не гарантира дека веб-страницата е безбедна или дека нема вируси или други злонамерни софтвери и не прифаќа никаква одговорност поврзана со нив.
Не смеете намерно да внесете на или преку веб-страницата вируси или други злонамерни софтвери или каков и да било друг материјал кој е опасен или технолошки штетен.
Не смеете да се обидувате да добиете неовластен пристап до кој и да било дел од нашата веб-страница, до серверот на кој е складирана веб-страницата или до кој и да било друг сервер, компјутер или база на податоци поврзани со веб-страницата.
Промени во услугата и овие Услови на услугата
EPC го задржува правото да ја менува веб-страницата, нејзините Содржини или овие Услови за услуги во кое и да било време. Со сите промени ќе бидете обврзани на Условите за услуги од првиот пат кога ја користите веб-страницата, во согласност со промените. Доколку од EPC со закон е побарано да направи промени во Условите за услуги, тие промени автоматски ќе се применат на секое тековно користење, како и на користењето во иднина.
Достапност на веб-страницата
Услугата се обезбедува на основа „како што е“ и „како што е достапна“. EPC не дава никаква гаранција дека Услугата ќе биде без дефекти и/или недостатоци. Во рамките на она што е дозволено со закон, EPC не дава гаранции (директни или имплицитни) за соодветноста за одредена намена, точноста на информациите, компатибилноста и задоволителниот квалитет.
EPC не прифаќа одговорност за какво било нарушување или недостапност на веб-страницата како резултат на надворешни причини, како што се дефект на опремата на ISP, дефект на опремата на домаќинот, дефект на комуникациската мрежа, дефект во напојувањето, природни катастрофи, војна или законски ограничувања и цензура.
Ограничување на одговорноста
Во рамките на она што е дозволено со закон, EPC не прифаќа одговорност за каква било директна или индиректна загуба или штета, било предвидлива било друга, вклучувајќи ги индиректните, последователните, специјалните или примерните штети како резултат на користењето на веб-страницата или информациите што се содржани на неа. Корисниците треба да бидат свесни дека ја користат веб-страницата и Содржината на сопствен ризик.
Ништо во овие Услови за услуги не ја исклучува или ограничува одговорноста на EPC во случај на смрт или телесна повреда како резултат на небрежноста или измама од страна на EPC.
Ништо во овие Услови на услугата не ја исклучува или ограничува одговорноста на EPC за каква било директна или индиректна загуба или штета како резултат на неправилно спроведување на Услугите или како последица на неточни информации дадени на веб-страницата.
Иако се вложува секаков напор за стриктно почитување на овие Услови за услуги со релевантните одредби на законот, доколку се открие дека некој од овие услови е незаконски, неважечки или неприменлив, тој услов треба да се смета за одделен од овие Услови за услуги и нема да влијае на валидноста и спроведливоста на преостанатите Услови за услуги. Овој услов треба да се применува само во рамките на јуриздикциите каде што конкретниот услов е незаконски.
Како EPC ги користи Вашите лични информации (заштита на податоци)
Сите лични информации што EPC ќе ги собере (меѓу кои и Вашето име, адреса и телефонски број) ќе бидат собрани, користени и чувани во согласност со барањата од Договорот за заштита на податоците од 2018 год.
За повеќе детали за заштитата на податоците, Ве молиме прочитајте ја Белешката за приватност на EPC.
Други важни услови
EPC може да ги префрли (додели) нашите обврски и права наведени во овие Услови за услуги на трета страна. Во таков случај, ќе добиете писмено известување од EPC. Тоа нема да влијае врз Вашите права наведени во овие Услови за услуги и нашите обврски наведени во овие Услови за услуги ќе бидат префрлени на третата страна која и понатаму ќе биде обврзана со нив.
EPC може да ги ревидира овие Услови за услуги одвреме-навреме како резултат на промените во релевантни закони и други регулативни барања.
Доколку некој суд или друг управен орган утврди дека некои од одредбите од овие Услови за услуги се незаконски, невалидни или на кој и друг начин неспроведливи, тие одредби ќе се сметаат како отфрлени од останатите Услови за услуги. Останатите Услови за услуги ќе бидат валидни и спроведливи.
Ниеден пропуст ниту доцнење на EPC при спроведувањето на нејзините права наведени под овие Услови за услуги не значи дека EPC се одрекла од тоа право, и ниедно одрекување на EPC поради прекршување на некоја од одредбите од овие Услови за услуги не значи дека EPC ќе се одрече од секое следно прекршување на истата или која и да било друга одредба.
Закон и надлежност
Овие Услови за услуги и односот помеѓу Вас и EPC ќе се водат според и во склад со англиските закони.
ULEZ-зона на ултра ниски емисии - Помош
За да се помогне во подобрувањето на квалитетот на воздухот, зона на ултра ниски емисии (ULEZ) ќе биде воспоставена во централен Лондон од 8 април 2019 година. Повеќето возила, вклучително автомобили и комбиња, ќе треба да исполнуваат нови, построги стандарди за емисии на издувни гасови или да платат дневен надоместок за движење во зоната на ултра ниски емисии.
ULEZ стандарди
Возилата треба да ги исполнуваат различните стандарди за емисии на издувни гасови во зоната на ултра ниски емисии според видот на возилото и видот на емисии.
Кои се стандардите?
TfL би сакала да користите возило кое ги исполнува новите стандарди за емисии наместо да плаќате дневен надоместок.
Еуро стандардите, коишто за прв пат се појавија во 1992 година, претставуваат контроли на емисии со кои се поставуваат ограничувања на емисиите на азотни оксиди (NOx) и суспендирани честички (PM) од моторите кои го загадуваат воздухот. Новите возила и моторите на возилата кои сообраќаат мора да покажат дека ги исполнуваат овие ограничувања, за да се одобри нивна продажба.
Стандардите на ULEZ се:
- Еуро 3 за мотоцикли, мопеди, моторизирани трицикли и квадрицикли (L категорија)
- Еуро 4 (NOx) за бензински автомобили, комбиња, минибуси и други специјализирани возила
- Еуро 6 (NOx и PM) за дизел автомобили, комбиња, минибуси и други специјализирани возила
- (NOx и PM) за камиони и автобуси и други специјализирани тешки возила (NOx и PM)
Еуро 3 стана задолжителен за сите нови мотоцикли во 2007 година
Еуро 4 стана задолжителен за сите нови автомобили во 2005 година и за лесни комбиња во 2006 година
Еуро 6 стана задолжителен за сите нови мотори на тешки товарни возила и автобуси од јануари 2014 година, додека од септември 2015 година за автомобили и лесни комбиња, а од септември 2016 година за поголеми комбиња до 3,5 тони бруто тежина на возилото.
LEZ - Помош
Зоната на ниски емисии (LEZ) го покрива најголемиот дел од Поширокиот Лондон и работи 24 часа на ден, секој ден од годината. Таа беше воведена во 2008 година за да ги поттикне тешките дизел возила што се најголеми загадувачи во престолнината да станат почисти.
The aim of the LEZ is to improve air quality in London by deterring the most polluting vehicles from being driven in the area. The vehicles affected are older diesel-engined trucks, buses, coaches, large vans, minibuses and other specialised vehicles that are derived from trucks and vans such as motor caravans and motorised horse boxes.
Cars, motorcycles and small vans are not included in the LEZ.
LEZ emissions standards
- From 4 February 2008, a standard of Euro III for particulate matter (PM) for lorries over 12 tonnes
- From 7 July 2008, a standard of Euro III for PM for lorries over 3.5 tonnes, buses and coaches
- From 3 January 2012, a standard of Euro 3/III for PM for larger vans and minibuses
- From 3 January 2012, a standard of Euro 4/IV for lorries over 3.5 tonnes, buses and coaches
- From 1 March 2021, a standard of Euro VI for PM and nitrogen oxides (NOX) for lorries, motor caravans and horseboxes over 3.5 tonnes, and buses and coaches more than 5 tonnes
Почнувајќи од 01 март 2021 година, стандардите за емисии LEZ за тешки товарни возила (HGV), комбиња и други специјализирани тешки возила над 3,5 тони (GVW), како и за автобуси, минибуси и автобуси над 5 тони (GVW) се сменија од Еуро 4 за честички (PM) во Еуро 6 за PM и азотни оксиди (NOX). Овие возила треба да го исполнуваат стандардот за емисии на издувни гасови Еуро 6 или да плаќаат дневен надоместок. Можете да го проверите вашето возило и да дознаете за опциите што ќе ви помогнат да се подготвите на www.tfl.gov.uk/lez
Euro Parking Collection plc (EPC)
83-93 Shepperton Road
London
N1 3DF
Обединето Кралство
Контактирајте со EPC
Tel: +44 (0)20 7288 9740
* Please note calls may be recorded for training and auditing purposes.
Fax: +44 (0)20 7288 9741
www.epcplc.com
Рег. на компанијата: GB3515275
Рег. на заштитата на податоците: Z5479282
2023 © EPC plc | Политика за колачиња | Услови на услугата | Белешка за приватност | Пристапност